Линкови за пристапност

Бајден вели дека САД и НАТО немале вмешаност во бунтот во Русија од страна на платеничка сила


Претседателот Џо Бајден во понеделникот рече дека Соединетите држави и НАТО немаат вмешаност во краткотрајниот бунт во Русија од страна на платеничките сили на групата Вагнер. Тој рече дека е „премногу рано“ да се процени влијанието врз војната во Украина.

Бајден рече дека одржал видео-повик со сојузниците во текот на викендот и дека сите тие се синхронизирани во работата за да се осигураат дека ќе му дадат до знаење на рускиот претседател Владимир Путин дека „нема оправдување да го обвинуваат Западот“ или НАТО.

„Јасно кажавме дека не сме вклучени. Немавме никаква врска со тоа“, рече Бајден.

„Ова беше дел од борбата во рускиот систем“, истакна американскиот претседател.

Бајден, исто така, разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во текот на викендот за ситуацијата и рече дека има намера повторно да разговара со него подоцна во понеделник или рано во вторник.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG