Линкови за пристапност

Бајден вели дека „го предава факелот“ за да ја обедини нацијата


Претседателот Џо Бајден ѝ се обраќа на нацијата од Овалната соба на Белата куќа во Вашингтон, 24 јули 2024 година, за неговата одлука да се повлече од кандидатурата за реизбор.
Претседателот Џо Бајден ѝ се обраќа на нацијата од Овалната соба на Белата куќа во Вашингтон, 24 јули 2024 година, за неговата одлука да се повлече од кандидатурата за реизбор.

Џо Бајден во средата навечер кажа дека „го предава факелот на нова генерација“ објаснувајќи го за прв пат во средата своето нагло напуштање на претседателската трка, од Овалната канцеларија, со обраќање со кое ги заокружи своите повеќе од 50 години во политиката.

„Ја почитувам функцијата“, рече Бајден. „Но повеќе ја сакам мојата држава“.

Бајден (81) се опираше на повеќенеделниот притисок од демократите да се повлече по катастрофалниот дебатен настап на 27 јуни, велејќи во еден момент дека само „ Семоќниот Бог“ може да го убеди да си оди.

Претседателот Џо Бајден ѝ се обраќа на нацијата од Овалната соба на Белата куќа во Вашингтон, 24 јули 2024 година, за неговата одлука да се повлече од кандидатурата за реизбор.
Претседателот Џо Бајден ѝ се обраќа на нацијата од Овалната соба на Белата куќа во Вашингтон, 24 јули 2024 година, за неговата одлука да се повлече од кандидатурата за реизбор.

„Одлучив дека најдобриот пат напред е да го предадам факелот на нова генерација. Тоа е најдобриот начин да ја обединиме нашата нација“, рече Бајден.

Бајден ја донесе одлуката по неколкудневни преиспитувања и преглед на на интерни анкети кои предвидуваа дека би можел да загуби од републиканецот Доналд Трамп во ноември и со себе да ги повлече колегите демократи.

Големата работа за Америка е што тука кралеви и диктатори не владеат
Џо Бајден, претседател на САД

„Големата работа за Америка е што тука кралеви и диктатори не владеат. Народот владее. Историјата е во ваши раце. Моќта е во ваши раце. Идејата за Америка е во ваши раце“, рече Бајден.

Тоа беше прво поодолго јавно обраќање на Бајден откако во неделата преку социјалните мрежи објави дека одлучил да не се кандидира за реизбор на 5 ноември.

Бајден е првиот актуелен претседател кој не се кандидира за реизбор од 1968 година, кога Линдон Џонсон, погоден од критики за неговото справување со Виетнамската војна, ненадејно се повлече од кампањата на 31 март.

Бајден, исто така, им се придружува на Џејмс К. Полк, Џејмс Бјукенан, Радерфорд Б. Хејс, Калвин Кулиџ и Хари Труман како претседатели кои решија да не се кандидираат за втор избран мандат.

Бајден се соочи со повици да се повлече откако неговиот настап во дебатата против Трамп покрена вознемирувачки прашања за неговата ментална острина.

Меѓутоа, откако тој се повлече, демократите се собраа околу него, оддавајќи му почит заради неговиот карактер и неговите постигнувања како претседател.

Група вработени влегоа во Белата куќа порано во вечерните часови за да го следат говорот заедно.

Бајден рече дека ќе се фокусира на својата работа како претседател во текот

Одбраната на демократијата е поважна од која било титула
Џо Бајден, претседател на САД

на неговите преостанати шест месеци од функцијата. Тој во четврток треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со кого ќе разговара за напорите да се постигне прекин на огнот во Газа.

Тоа беше четврти пат Бајден да ја користи Овалната канцеларија за ообраќање откако ја презеде функцијата во 2021 година. Неговиот последен говор од оваа формална просторија беше на 15 јули кога ги повика Американците да ја смират политичката реторика по обидот за атентат врз Трамп.

Политичката кариера на Бајден започна кога тој беше избран во Сенатот во 1972 година на 29-годишна возраст, станувајќи шестиот најмлад американски сенатор. Својот мандат во Белата куќа ќе го заврши на 20 јануари 2025 година, како најстар американски претседател кога веќе ќе има наполнето 82 години.

„Одбраната на демократијата е поважна од која било титула“, рече Бајден. „Јас црпам сила и наоѓам радост во работењето за американскиот народ. Но, оваа света задача за усовршување на нашата унија не е за мене, туку за вас. За вашите семејства. Вашата иднина. Се работи за нас како народ.

XS
SM
MD
LG