Обраќајќи се пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, американскиот претседател Џо Бајден рече дека „САД бараат побезбеден, попросперитетен, поправеден свет за сите луѓе, бидејќи знаеме дека нашата иднина е поврзана со вашата. Ниту една нација не може сама да одговори на предизвиците на денешницата“.
Бајден го осуди руското кршење на Повелбата на Обединетите нации, велејќи дека на оваа агесија мора сите да се спротистават денес за да се одвратат потенцијални агесори утре.
„Русија верува дека светот ќе се измори и ќе дозволи да ја брутализира Украина без последици. Но, ве прашувам ова: ако ги напуштиме основните принципи на Повелбата на ОН за да го смириме агресорот, дали која било земја-членка може да се чувствува уверена дека е заштитена? Ако дозволиме Украина да се распарчи, дали независноста на која било нација е безбедна? Одговорот е не. Ние мора да се спротивставиме на оваа гола агресија денес за да ги одвратиме другите потенцијални агресори утре“, рече Бајден.
Американскиот претседател подвлече дека САД и сојузниците ќе продолжат да даваат поддршка на народот во Украина.
„Затоа САД заедно со нашите сојузници и партнери ширум светот ќе продолжат да стојат со храбриот народ на Украина додека го бранат својот суверенитет и територијален интегритет – и нивната слобода“, истакна Бајден.