Линкови за пристапност

Бајден преку писмено соопштение се обрати до демократите дека не се откажува од трката за претседател


Џо Бајден, претседател на САД
Џо Бајден, претседател на САД

Американскиот претседател Џо Бајден денес во писмено соопштение се обрати до конгресните демократи велејќи им дека останува цврсто на својата одлука за реизбор и рече дека е време партијата „да стави крај“ на драмата околу тоа дали тој ќе се повлече поради неговиот омаловажувачки настап во неодамнешната дебата против поранешниот претседател Доналд Трамп.

Се’ поголем број законодавци на Демократската партија во Претставничкиот дом јавно го повикаа 81-годишниот Бајден да ја прекине кампањата за реизбор. Многу други, пак, приватно го искажаа истото мислење откако Бајден, изгледаше и звучеше исцрпено, постојано го губеше својот циклус на мисли на директната конфронтација со Трамп на 27-ми јуни.

Писмото на Бајден испратено до демократите на 8-ми јули, 2024 година
Писмото на Бајден испратено до демократите на 8-ми јули, 2024 година

Бајден сепак се спротивстави, велејќи дека само „Господ Семоќниот“ може да го принуди да се откаже.

Тој им рече на демократските законодавци, додека се враќаа во Вашингтон од празникот за Денот на независноста на 4 јули, дека „прашањето како да се оди напред е добро поставено веќе повеќе од една недела. И, време е тоа да заврши“.

„Сакам да знаете дека и покрај сите шпекулации во печатот и на други места, јас сум цврсто посветен да останам во оваа трка, да ја водам оваа трка до крај и да го победам Доналд Трамп“, напиша Бајден.

„Имаме 42 дена до Демократската конвенција и 119 дена до општите избори“ на 5-ти ноември, вели Бајден во писмото. „Секое слабеење на решителноста или недостаток на јасност за задачата што претстои само му помага на Трамп и нè повредува нас“, вели тој.

Џо Бајден, претседател на САД
Џо Бајден, претседател на САД

Бајден, исто така, во емисијата „Морнинг Џо“ на Ем Ес Ен Би Си (MSNBC), рече: „Не ми е грижа што мислат тие големи имиња. Тие згрешија во 2020 година (за шансите на Трамп да ја добие претседателската функција) ... и грешат сега во 2024 година“. Тој рече дека „просечните демократи“ сакаат тој да остане во трката.

„Се фрустрирам од елитите во партијата“, рече Бајден. „Тие знаат многу повеќе. Секој од овие момци што мисли дека не треба да се кандидирам, е против мене. Објавете се за претседателот, предизвикајте ме на конвенцијата“, на националниот демократски собир во Чикаго во август, каде партијата формално ќе го номинира својот претседателски кандидат“, рече Бајден.

Американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп на првата претседателска дебата за изборите во 2024 година во студиото на CNN во Атланта, Џорџија, на 27 јуни 2024 година. (Фото: ANDREW CABALLERO-REYNOLD
Американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп на првата претседателска дебата за изборите во 2024 година во студиото на CNN во Атланта, Џорџија, на 27 јуни 2024 година. (Фото: ANDREW CABALLERO-REYNOLD

Писмото на Бајден до конгресните демократи ја започна клучната недела за него додека се обидува да ја спаси својата петдецениска политичка кариера и неговата кампања во 2024 година. Трамп, кој треба да биде номиниран за републикански претседателски кандидат на националната конвенција на неговата партија во градот Милвоки следната недела, се искачи пред Бајден во бројните национални анкети како и во анкетите на клучните американски држави. Натпреварот, сепак, преставува тесна трка, навидум подложен на добрите и лошите моменти и за двајцата кандидати.

XS
SM
MD
LG