Линкови за пристапност

Поради ураганот Милтон, Бајден ги откажа патувањата во Германија и Ангола


Претседателот Џо Бајден говори на брифинг во Белата куќа во Вашингтон, 4 октомври 2024 година.
Претседателот Џо Бајден говори на брифинг во Белата куќа во Вашингтон, 4 октомври 2024 година.

Откажани се патувањата за Германија и Ангола. Нејасно е за кога би имало презакажување.

ВАШИНГТОН - Претседателот Џо Бајден ги откажа планираните патувања за Германија и Ангола, и ќе остане во Вашингтон за да ги следи состојбите предизвикани од ураганот Милтон, кој се очекува да го погоди заливот на Флорида, објави денеска Белата куќа.

Прес-секретарката Карин Жан-Пјер рече дека промената е неопходна „со оглед на проектираната траекторија и силата“ на бурата.

Прес-секретарката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, која беше унапредена во висок советник на претседателот, зборува за време на дневниот брифинг во Белата куќа во Вашингтон, 7 октомври 2024 година.
Прес-секретарката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, која беше унапредена во висок советник на претседателот, зборува за време на дневниот брифинг во Белата куќа во Вашингтон, 7 октомври 2024 година.

Не е јасно за кога патувањето би можело да биде презакажано. Бајден вети дека ќе оди во Африка за време на неговиот мандат, кој завршува во јануари.

Интензитетот на ураганот Милтон денеска ослабна, но бурата може директно да го погоди населениот регион Тампа.

Поголемиот дел од западниот брег на Флорида беше под предупредување за ураган или тропска бура, откако бурата и ветровите со брзина од 230 километри на час се вртеа веднаш до полуостровот Јукатан во Мексико. Со оглед на тоа што се очекува бурата да остане прилично силна додека ја преминува Флорида, делови од источниот брег утринава добија предупредување за ураган. Милтон би можел да ја погоди областа на Тампа в среда навечер, каде живеат повеќе од 3,3 милиони луѓе.

XS
SM
MD
LG