Линкови за пристапност

Бајден ќе одбележи 22 години од нападите на 11 септември во Алјаска


Претседателот на САД нема да учествува на ниту едно од чествувањата на меморијалните локации на 11 септември во Њујорк, Вирџинија или Пенсилванија
Претседателот на САД нема да учествува на ниту едно од чествувањата на меморијалните локации на 11 септември во Њујорк, Вирџинија или Пенсилванија

Претседателот на САД Џо Бајден следниот месец ќе ја одбележи 22-годишнината од најтешкиот терористички напад на територијата на САД во воената база на Алјаска со војници и нивните семејства, објави Белата куќа.

Бајден нема да учествува на ниту едно од чествувањата на меморијалните локации на 11 септември во Њујорк, Вирџинија или Пенсилванија.

Наместо тоа, претседателот ќе биде во Алјаска на чествувањето на 11 септември во заедничката база Елмендорф-Ричардсон во Енкориџ по патувањето во Азија.

Бајден треба да отпатува во Индија од 7 до 10 септември за да присуствува на самит со други светски лидери, по што ќе застане во Виетнам.

Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф ќе учествуваат на годишното одбележување во Националниот споменик и музеј на 11 септември во Менхетн.

Првата дама Џил Бајден ќе положи венец на споменикот на 11 септември во Пентагон.

Нема да биде првпат претседател да не присуствува на годишните празнувања на кое било од трите локации.

Во 2015 година, претседателот Барак Обама учествуваше во момент на молчење на тревникот во Белата куќа пред да замине во Форт Мид во Мериленд за да ја признае работата на војската за заштита на земјата.

Во 2005 година, претседателот Џорџ Буш ја одбележа годишнината на тревникот во Белата куќа.

Белата куќа не објави кој функционер ќе учествува на одбележувањето во Пенсилванија.

XS
SM
MD
LG