Линкови за пристапност

Бајден ќе го објави најсеопфатниот сет на извршни активности за унапредување на истражувањето и иновациите за здравјето на жените


Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден организираат прием во Белата куќа по повод месецот на женската историја.

Администрацијата вели дека претседателот ќе го објави најсеопфатниот сет на извршни активности што некогаш биле преземени за унапредување на истражувањето и иновациите за здравјето на жените.

Претседателот Бајден во неделата во Белата куќа му посака добредојде на ирскиот премиер Лео Варадкар, во знак на сеќавање на едновековните дипломатски врски меѓу Соединетите Држави и Ирска за време на годишниот прием на Денот на Свети Патрик.

Претседателот Бајден го истакна економскиот придонес на Ирска како еден од врвните инвеститори во САД и ја потврди заедничката посветеност на двете нации за спротивставување на тиранијата, особено спомнувајќи го единствениот став против војната на Русија во Украина.

„И јас и премиерот се согласуваме за итната потреба да се зголеми хуманитарната помош во Газа и да се постигне договор за прекин на огнот. Да се постигне договор за прекин на огнот што ќе ги однесе заложниците дома и ќе доведе до решение за две држави, што е единствениот пат, единствениот пат за траен мир и безбедност“, рече американскиот претседател, Џо Бајден.

Варадкар ја изрази емпатијата на ирскиот народ за палестинската кауза, повлекувајќи паралели со сопствената историја на раселување и борба за национален идентитет на Ирска.

„Ирскиот народ е длабоко вознемирен поради катастрофата што се одвива пред нашите очи во Газа. Кога патувам, светските лидери често ме прашуваат зошто Ирците имаат таква емпатија за палестинскиот народ. А одговорот е едноставен: ја гледаме нашата историја во нивните очи. Приказна за раселување, за отфрлање, за национален идентитет доведен во прашање и негиран, присилна миграција, дискриминација и сега глад“, рече ирскиот премиер, Лео Варадкар.

Варадакар ја повтори подготвеноста на Ирска да ја признае палестинската држава во партнерство со другите, залагајќи се за иднината на две суверени држави во регионот.

XS
SM
MD
LG