Линкови за пристапност

Бајден: Израел не ја започна оваа војна, ниту либанскиот народ


Американскиот претседател Џо Бајден зборува за прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах во Либан од Розовата градина на Белата куќа на 26 ноември 2024 година, во Вашингтон.
Американскиот претседател Џо Бајден зборува за прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах во Либан од Розовата градина на Белата куќа на 26 ноември 2024 година, во Вашингтон.

„Само што разговарав со премиерот на Израел и Либан. Задоволство ми е да објавам дека нивните влади го прифатија предлогот на Соединетите Американски Држави за ставање крај на разорниот конфликт меѓу Израел и Хезболах. Сакам да му се заблагодарам и на француски претседател Емануел Макрон за неговото партнерство во постигнувањето на овој момент“, рече Бајден.

„Во сила утре во 4 часот по локално време, борбите преку либанско-израелската граница ќе завршат. Ова е дизајнирано да биде траен прекин на непријателствата. Она што остана од Хезболах и другите терористички организации нема да биде дозволено, нагласувам, нема да им биде дозволено повторно да ја загрозат безбедноста на Израел“, додаде Бајден.

Тој исто така рече дека во текот на следните 60 дена либанската армија и државните безбедносни сили повторно ќе се распоредат и ќе преземат контрола врз сопствената територија. Терористичката инфраструктура на Хезболах во јужен Либан нема да биде дозволена повторно да се изгради и во текот на следните 60 дена, Израел постепено ќе ги повлече своите преостанати сили, а цивилите од двете страни наскоро ќе можат безбедно да се вратат во своите заедници.

Бенјамин Нетанјаху и Џо Бајден
Бенјамин Нетанјаху и Џо Бајден

„Израел не ја започна оваа војна. Ниту либанскиот народ не ја бараше таа војна. Ниту САД. Во текот на изминатата година, вклучително и во деновите веднаш по 7-ми октомври, ѝ наредив на американската војска да насочи средства и способности во регионот, вклучувајќи носачи на авиони, борбени ескадрили и софистицирана батерија за противвоздушна одбрана за одбрана на Израел и одвраќање на нашиот заеднички непријател во критичните моменти“, рече Бајден.

Бајден кажа дека САД, со целосна поддршка на Франција и другите сојузници, ветиле дека ќе работат со Израел и Либан за да се осигураат дека овој аранжман е целосно имплементиран, а договорот целосно се спроведува.

Тој исто така кажа дека нема да има американски војници распоредени во јужен Либан.

„Ова е во согласност со мојата посветеност кон американскиот народ да не ги ставаат американските трупи во борба во овој конфликт, наместо тоа, ние, заедно со Франција и другите сојизници ќе ја обезбедиме потребната помош за да се осигураме дека овој договор ќе се спроведе целосно и ефективно“, рече тој.

Американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа во Вашингтон
Американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа во Вашингтон

Ако Хезболах или некој друг го прекрши договорот и претставува директна закана за Израел, тогаш Израел го задржува правото на самоодбрана, во согласност со меѓународното право, додаде Бајден.

„Како што либанскиот народ заслужува иднина на безбедност и просперитет, така и луѓето од Газа заслужуваат крај на борбите и раселувањето“, рече Бајден.

„Народот во Газа помина низ пекол. Нивниот свет беше апсолутно уништен. Премногу цивили во Газа претрпеа загуби, а Хамас со месеци и месеци одбиваше да преговара со добра волја за прекин на огнот. Хамас можеше да направи избор за да ги ослободи заложниците, вклучително и американските граѓани, коишто ги држат. САД ќе направат уште еден притисок, со Турција, Египет, Катар, Израел и другите за да постигнат прекин на огнот во Газа со заложниците ослободени на крајот на војната без Хамас на власт, што е возможно“, рече Бајден.

Бајден кажа дека САД остануваат подготвени да склучат низа историски договори и со Саудиска Арабија кои вклучуваат безбедносен пакт и економски гаранции, заедно со веродостојна патека за формирање на палестинска држава како и целосна нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел.

Според Бајден, желбата што и двете држави ја имаат, верува дека ваквата агенда може да се оствари.

XS
SM
MD
LG