Линкови за пристапност

Бајден и првата дама положија цвеќиња во Мејн


ЛЕВИСТОН, Мејн (АП) - Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден положија букет цвеќиња на импровизираниот споменик пред барот каде беа застрелани жртвите.

Осум лица загинаа во масакрот на 25 октомври во барот и уште дополнителни седум во блиската куглана. Уште тројца починаа во болница.

Бајден дојде во Левистон да го направи она што го прават претседателите во овие моменти на ужас и тага; да им даде утеха на семејствата на жртвите и да покаже поддршка за заедницата која е вознемирена. Но, тоа е тип на патување што стана премногу познато, и покрај двопартискиот закон за безбедност на оружје усвоен минатата година по уште едно масовно убиство, и покрај серијата извршни наредби од претседателот со цел да се запре оруженото насилство во САД.

„Премногу пати претседателот и првата дама патувале по американските заедници преплавени од оружено насилство“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, во пресрет на патувањето на Бајден. „Не можеме да го прифатиме тоа како нормално“.

Покрај убиените, во престрелките се повредени и други 13 лица.

Бајден претходно рече дека е решен да се бори против оруженото насилство во САД. Тој, исто така, се залага за забрана на таканареченото јуришно оружје.

Претседателот веќе ги посети другите заедници во кои се случиле масовни престрелки во Бафало, Њујорк; Увалде, Тексас; и Монтереј Парк, Калифорнија.

„Има премногу други училишта, премногу други секојдневни места кои станаа полиња за убивање, боишта овде во Америка“, рече Бајден за време на говорот за оруженото насилство минатата година.

До сега се случиле најмалку 37 масовни убиства во САД во 2023 година, при што загинале најмалку 195 луѓе, не вклучувајќи ги и сторителите кои загинале, според базата на податоци што ја одржуваат Асошиејтед прес и УСА Тудеј во партнерство со Североисточниот Универзитет.

Извор: Асошиетед Прес

XS
SM
MD
LG