Американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката на САД, Камала Харис, денеска ќе се сретнат со семејството на Мартин Лутер Кинг помладиот, на 60-годишнината од Маршот во Вашингтон.
Кинг беше главен водач на Маршот во Вашингтон за работни места и слобода на 28 август 1963 година.
Во текот на викендот, илјадници повторно се собраа на Националното шеталиште во Вашингтон за да го одбележат годишнина од тој марш.
Бајден, исто така, организира прием по повод 60-годишнината од Адвокатскиот комитет за граѓански права.