Линкови за пристапност

Бајден и Џил од денес на одмор во Калифорнија


ВАШИНГТОН (АП) - Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден денес ќе заминат на одмор во Калифорнија и Невада.

Првата двојка ќе помине околу една недела во областа на езерото Тахо, големото алпско езеро на Калифорнија и Невада кое воедно и е туристичка атракција, особено во зима поради скијачките центри. Претседателот се упати таму од Кемп Дејвид, каде што беше домаќин на самитот со лидерите на Јужна Кореја и Јапонија.

Lake Tahoe
Lake Tahoe

Семејството Бајден ќе го прекине својот одмор на еден ден во понеделник за да го посетат Мауи, каде шумски пожар го зафати историскиот град Лахаина во кој загинаа повеќе од 100 луѓе. Тие ќе се сретнат со жителите и локалните власти додека ја испитуваат штетата.

Бајден на почетокот од овој месец дел од својот одмор го искористи во неговото родно место во сојузната држава Делавер.

Откако Бајден ќе се врати во Вашингтон ќе има доста работа, почнувајќи од избегнување на затворање на владата на крајот на септември, истовремено убедувајќи ги пратениците да усвојат дополнителен пакет за финансирање што вклучува милијарди долари помош за Украина, како и помош за природни катастрофи.

Во септември, Бајден има и самит на Групата 20 во Индија како и годишното Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Извор: Асошиетед Прес

XS
SM
MD
LG