Линкови за пристапност

Бајден и Јун Сук-jеол се согласија Јужна Кореја да не ја спроведува програмата за нуклеарно оружје


Јужнокорејскиот претседател е во државна посета на Вашингтон, прославувајќи 70 години од билатералните односи на двете земји
Јужнокорејскиот претседател е во државна посета на Вашингтон, прославувајќи 70 години од билатералните односи на двете земји

Во замена за поголема улога на одлучување во американското планирање за вонредни ситуации во случај на севернокорејски нуклеарен напад, Јужна Кореја се согласи да не ја спроведува сопствената програма за нуклеарно оружје.

САД и Јужна Кореја го објавија овој договор денес, додека претседателот Џо Бајден е домаќин на неговиот јужнокорејски колега, претседателот Јун Сук-jеол во Белата куќа, прославувајќи 70 години од билатералните односи на двете земји.

„Вашингтонската декларација“ е резултат на низа чекори преговарани во текот на многу месеци и дизајнирани да ги потврдат заложбите на САД за одвраќање, рече висок службеник на администрацијата на вчерашниот брифинг со новинарите.

Според договорот, официјалниот претставник рече дека Сеул „ќе го задржи својот ненуклеарен статус и ќе продолжи да се придржува до сите услови од неговиот статус согласно Договорот за неширење на оружјето“, кој Јужна Кореја го ратификуваше во 1975 година, им забранува на државите-страни да развиваат нуклеарно оружје.

Двете земји, исто така, ќе формираат Нуклеарна консултативна група на САД - РК, додаде официјалниот претставник, кој рече дека тоа ќе биде „редовен билатерален механизам за консултации кој ќе се фокусира на прашањата за нуклеарно и стратешко планирање и ќе им даде дополнителен увид на нашите сојузници од РК за тоа како размислуваме за планирањето на големите непредвидени ситуации “.

Покрај поголемата размена на информации, Сеул ќе има поголем глас во размислувањата за распоредувањето на американското оружје, рече тој.

Овој механизам е сличен на тоа како САД ги координираа своите одлуки за нуклеарно одвраќање со некои сојузници на НАТО за време на Студената војна.

XS
SM
MD
LG