Линкови за пристапност

Бајден ги ублажи казните на 37 лица осудени на смртна казна


АРХИВА - Претседателот Џо Бајден зборува за време на прием во Белата куќа во Вашингтон, САД, 16 декември 2024 година.
АРХИВА - Претседателот Џо Бајден зборува за време на прием во Белата куќа во Вашингтон, САД, 16 декември 2024 година.

Вашингтон — Претседателот Џо Бајден ги ублажи казните на 37 од 40 лица осудени на смртна казна, претворајќи ги нивните казни во доживотен затвор. Ова се случува на само неколку недели пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп, отворен поборник за проширување на смртната казна, да ја преземе претседателската функција.

Во изјавата објавена денеска, Бајден вели: „Овие замени на казни со поблаг облик се во согласност со мораториумот што мојата администрација го наметна на федералните егзекуции, во други случаи освен тероризам и масовни убиства мотивирани од омраза“.

Во врска со Трамп, кој водеше кампања за проширување на употребата на смртна казна, додава Бајден, „со чиста совест, не можам да се вратам чекор наназад и да дозволам новата администрација да продолжи со егзекуциите што јас ги прекинав“.

XS
SM
MD
LG