Линкови за пристапност

Македонска професорка наградена со престижно признание од Универзитетот Беркли


Македонска професорка наградена со престижно признание од Универзитетот Беркли
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:39 0:00

Проф.др.Сенка Анастасова за истражување во доменот на женските студии ја освои престижната академска награда „Беатриче Бaин“ која ја доделува Американскиот универзитет Беркли

„Тоа е жената која активно учествувала во комуникација со црните пантерки и пантери и ако ги бараме корените на борбата за женските права и активното вклучување на жената во општествената сцена тогаш треба да го погледнеме нејзиното навистина импресивно дело“, вели професорката Сенка Анастасова зборувајќи за Беатриче Баин, чие име ќе остане запишано во историјата по тоа што целиот свој живот го посветила на борбата за женските права, дел од тоа поврзано и со движењето на Црните пантери кои се бореле за правата на афромериканците.

„Таа го основала женскиот центар на Универзитетот Беркли со посебен интерес на интеграција на обичната жена во високото образование. Станува збор за име кое го поврзуваме на еден драматичен начин на историски план со сивите пантери и пантерки“, вели таа.

Наградата ѝм ја посвети на нископлатените работнички, вклучувајќи ги и здравствените работнички и воопшто на жените погодени од пандемијата.


Во чест на оваа истакната феминистка која особено се залагала за жените во високото образование, Универзитетот Беркли востанови еминентна истражувачка награда. За академската 2020/2021 година добитник на наградата е токму македонската професорка Сенка Анастасова, докторка по филозофски науки при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје и авторка на повеќе феминистички студии.

Вели дека особено и значи што истражувајќи на Беркли всушност го продолжува делото на Беатриче Баин. Ја запрашавме како се одвиваше номинацијата на овој престижен американски универзитет.

„Бев во конкуренција со академки од Харвард, Јеил, Кембриџ…Ме номинираа две познати филозофки од Универзитетот Калифорнија и Универзитетот Орегон кои ја познаваат мојата работа“, рече Анастасова.

Во фокусот на истражувањето на Анастасова во САД биле токму правата и положбата на жените. „Го истражував тоа во однос на опресирани проблеми како што е имигрантската криза, значи постколонијална димензија, деколонизираните субјекти или статусот на самите жени и нивната заштита во американското општество во споредба со јавниот здравствен систем во Југоисточна Европа,“ вели таа.

Професорката се надева дека резултатите од истражувањето ќе послужат за креирање на нови политики кои ќе го подобрат статусот на жената во општеството.

Наградата ѝм ја посвети на нископлатените работнички, вклучувајќи ги и здравствените работнички и воопшто на жените погодени од пандемијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG