Линкови за пристапност

Во две лавини во Турција загинаа 28 лица


Лавина во источна Турција во средата, зафати голем тим на спасувачи, испратени за да пронајдат две лица кои беа пријавени како исчезнати во претходна лавина.

Официјални лица соопштија дека загинале 23 спасувачи, додека други сè уште се затрупани под снегот.

Лавината во средата го зголеми вкупниот број на жртви од катастрофата на 28.

По првата лавина доцна во вторникот, околу 300 спасувачи биле ангажирани во потрага по затрупаните во провинцијата Ван, на границата со Иран. Првиот снежен удар убил пет лица. Околу пладне во средата, тимот беше погоден од втората лавина.

Гувернерот Мехмет Емин Билмез рече дека 23 тела на спасувачи се извлечени од снежните наноси на стрмната падина, вклучувајќи ги и телата на осуммина воено полициски офицери, тројца владини обезбедувачи, тројца пожарникари и девет волонтери.

Околу 30 спасувачи беа спасени или излегоа од под снегот и беа хоспитализирани во средата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG