Линкови за пристапност

Американските авто-производители вложуваат милијарди во руската авто-индустрија


Продажбата на автомобили во Русија расте, а со тоа и потребата од се` поголеми инвестиции.

Зад Меѓународното авто-шоу во Москва лежи вистинската возбуда дека Русија е на патот да стане една од петте најголеми светски производители на автомобили.

Со овогодишниот пораст на продажбата на автомобили во Русија и падот во другите делови на Европа, Русија е на добар пат во 2014 година да ја замени Германија како најголемиот европски авто-производител. Со тоа Русија би станала четврт најголем авто-производител во светот после Кина, САД и Јапонија.

Но, Русија и` се приклучи на Светската трговска организација пред две години. Сега компаниите за производство на автомобили се натпреваруваат да го зголемат производството пред да почне да има видливо намалување на тарифите на увозот.

Секој од американските три поголеми авто-производители, Форд, Џенерал моторс и Крајслер, планира да инвестира една милијарда долари во руските фабрики.

Џејмс Бовензи е претседател на Џенерал моторс во Русија. Тој вели дека компанијата наредните пет години планира да го удвои руското производство.

Џенерал моторс го вреднува рускиот пазар. На него гледаме како на еден растечки пазар во светот.

Продажбата на автомобили во Русија годинава е во пораст 14 отсто, а авто-салоните мака мачат да ја задоволат побарувачката.

Во нов салон за продажба на Крајслер, Џон Џон Стеч, директор на Крајслер за Русија, говори за побарувачката:

„Донесовме комплетно нови возила на рускиот пазар, што сосема одговараат на потребите на руските потрошувачи. Имаше период кога не можевме да постигнеме. Сега сме подобри во снабдувањето“, вели тој.

Постои и простор за растеж.

Експерот Крис Вифер, вели дека руските потрошувачи имаат пари во џеповите:

„Русија е еден од најбрзо растечките пазари во светот, а тоа се должи на мошне стабилниот раст на приходите. Затоа луѓето имаат многу повеќе да потрошат на други добра“.

Бернард Сучер, долгогодишен американски инвеститор доаѓа од Детроит, домот на големите три американски производители.

Тој е импресиониран од она што се случува во Русија:

„Позитивен тренд е да се охрабруваат глобалните производители и снабдувачи“.

Во моментов, со новите автомобили на улиците, предизвикот сега е фокусиран на изградба на паркинзи и патишта.
XS
SM
MD
LG