Линкови за пристапност

План за замрзнување на стандардите за ефикасност на возилата во САД


Групите за заштита на животна средина го осудуваат предлогот

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави план за замрзнување на стандардите за ефикасност на возилата.

Администрацијата исто така објави дека сака да го одземе правото на Калифорнија и другите сојузни држави да постават построги стандарди за километража на возилата, со цел заштита на животната средина и борба против климатските промени.

Новите стандарди за ефикасност на горивото требаше да стапат на сила во 2020-та година. Со одлуката тие ќе бидат замрзнати до 2026-та година.

Замрзнувањето, предложено од Агенцијата за заштита на животната средина и Одделот за транспорт ќе ја зголеми планираната дневна потрошувачка на нафта за 500 илјади барели до 2030-та година. Во планот се наведува дека замрзнувањето ќе спаси околу илјада животи годишно, затоа што ќе се намали цената на новите и побезбедни возила.

Групите за заштита на животна средина го осудуваат предлогот

Претседателот на Фондот за заштита на животната средина, Фред Круп планот го опиша како „голем број на лоши идеи“ кој ќе го зголеми загадувањето и трошоците за гориво.

Круп кажа дека неговата организацијата ќе го оспори спроведувањето на планот „преку осуда од јавното мислењето и на суд“.

Од групата за застапување Earthjustice велат дека предлогот „е најнов во долгата листа на подароци од администрацијата на Трамп до нафтената индустрија по цена на јавното здравје на Американците“.

Калифорнија и 12 други сојузни држави имаат построги стандарди од федералните. Заедно тие сочинуваат 40 проценти од американскиот пазар за автомобили и лесни камиони.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG