Линкови за пристапност

Победа на конзервативците во Австрија


Курц се подготвува да стане лидер на државата

По повеќе од шест децении на умерени и центристички влади, Австрија се чини дека се врти кон десницата - по победата на конзервативниот министер за надворешни работи, Себастијан Курц на општите избори во неделата.

Министерството за внатрешни работи на Австрија соопшти дека по завршувањето на изборите Народната партија на Курц освоила 31,4 проценти од гласовите. Десничарската партија на слободата е на второ место, со 27,4 проценти. Централно-левичарската Социјал-демократска партија на Австрија, која сега владее во коалиција со Народната партија, доби 26,7 проценти од гласовите.

Кој е Себастијан Курц?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:12 0:00

​Во говорот по победата, Курц ги повика своите приврзаници да прослават и да бидат подготвени за утре, кога „започнува работата“.

На 31 годишна возраст, Курц треба да стане најмлад лидер во Европа.

Хајнц-Кристиан Штрахе, лидер на австриската десничарска Партија за слобода, пред поддржувачите во седиштето на партијата го пофали постигнувањето на општите избори, велејќи дека неговата партија е „голем политички фактор на австрискиот политички пејзаж“.

Доминантна тема на кампањите на Народната партија и на Партијата на слободата беше имиграцијата и загриженоста кај австриските конзервативци кои на муслиманската имиграција гледаат како на закана за австриската култура.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG