Линкови за пристапност

Видео: Сиднеј ја прослави Новата година


Огномети во Нов Зеланд и Австралија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:35 0:00

Над 1,5 милиони лица на спектакуларниот огномет, само две недели по заложничката драма

По Окленд во Нов Зеланд, Сиднеј беше меѓу првите поголеми градови во светот што веќе ја дочека Новата година.

Над 1,5 милиони луѓе се собраа на пристаништето за традиционалниот спектакуларен огномет за којшто беа потрошени седум тони пиротехнички материјал.

Прославата доаѓа само две недели откако сампрогласен свештеник со иранско потекло упадна во кафуле во центарот на градот и држеше 18 лица како заложници, пред да интервенира полицијата. Во инцидентот загинаа две лица, покрај напаѓачот.

Дополнителен број од 3.000 полицајци патролираа во Сиднеј за прославата на Новата година, но властите ги охрабрија жителите да излезат во што е можно поголем број.

XS
SM
MD
LG