Линкови за пристапност

Австралија ќе одобри извоз на медицинска марихуана


Една година откако го легализираше користењето на медицинска марихуана, австралиската влада ќе им дозволи на домашните производители да ја извезуваат.

Министерот за здравство Грег Хунт, изјави дека владата сака Австралија да влезе на глобалниот пазар со цел да стане „број еден светски извозник на медицинска марихуана“.

Неколку држави, вклучувајќи ги Канада и Израел, како и повеќе од половина од 50-те американски сојузни држави, ја легализираа употреба на медицинска марихуана прифаќајќи ги нејзините терапевтски придобивки, како што e справувањето со хроничната болка.

Американска истражувачка компанија предвиде дека глобалната побарувачка за медицински марихуана до 2025-та година ќе достигне скоро 56 милијарди долари.

Хунт вели дека со дозволата на домашните земјоделци и производители на медицинска марихуана да ги извезуваат своите производи, нема да се наруши понудата на австралискиот пазар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG