Австралискиот премиер Скот Морисон вели дека тој размислува да го признае Ерусалим за главен град на Израел и таму да ја премести амбасадата која сега е лоцирана во Тел Авив.
Премиерот Морисон за новинарите изјави дека тој е „отворен“ за препораката направена од поранешниот австралиски амбасадор во Израел, Дејв Шарма. Претседателот на САД, Доналд Трамп официјално го призна Ерусалим како главен град на Израел во декември, прекршувајќи ја долгогодишната политика дека статусот на Ерусалим треба да биде дел од решението за постоење на две одделни држави. Во мај во Ерусалим и официјално беше отворена американската амбасада.
Шарма како и Морисон е член на владејачката конзервативната Либерална партија и на парламентарните избори се кандидира во област во Сиднеј која е населена со еврејско население. Ако Шарма загуби на изборите неговата партија ќе го загуби и мнозинство во Претставничкиот дом.
Пратеникот од опозициската Лабуристичка партија, Пени Вонг го обвини премиерот дека ја става дневната политика пред долгорочниот национален интерес на Австралија.