Линкови за пристапност

Дали Австралија ја губи контролата врз имиграцијата?


Премиерката на Нов Јужен Велс Гледис Берејиклиан настојува да се преполови имиграцијата во најнаселената држава во Австралија, посочувајќи дека земјата е под голем притисок од преголемиот број луѓе

Гледис Берејиклиан е ќерка на американски мигрант, но вели дека Австралија ги отвора своите врати за премногу нови доселеници.

Таа вели дека е ентузијастичен поддржувач на мултикултурализмот во земјата каде повеќе од четвртина од популацијата ја сочинуваат луѓе родени во странство, но потенцира дека бројот на имигранти кои што доаѓаат во Нов Јужен Велс за една деценија се зголемил повеќе од двојно. Таа настојува оваа бројка да се преполови.

Инсистира на тоа дека ситуацијата е неодржлива и врши огромен притисок врз патиштата, болниците и училиштата, кои не можат да го издржат преголемиот прилив на луѓе.

,,Дефинитивно треба да земеме здив. Треба да ги погледнеме бројките кои пораснаа од 45.000 (мигранти) до пред десет години сега на 100.000. Секоја година Нов Јужен Велс прима околу 100.000 секоја година. Бројката треба да се намали, мораме да земеме здив. Ставот на државите за имиграциската и популационата политика никогаш не бил земен во предвид. Сметам дека тоа треба да се промени.”

Годинава населението во Австралија за прв пат порасна на 25 милиони. Дебатата предизвикува поделби. Како аргументи дека имиграцијата треба да се намали се наведуваат преоптовареноста на големите градови и недостапните домови за мигрантите. Од друга страна има гледишта дека мигрантите ја заживуваат економијата.

Населението се зголемува, во просек, за еден нов човек секои 83 секунди. Најголемите групи на нови мигранти доаѓаат од Индија и Кина.

Најновите официјални проценки се дека населението ќе се удвои на речиси 50 милиони во следните 40 години.

Уште еден клучен дел од имиграционата политика на САД ги опфаќа бегалците. Нелегални мигранти кои пристигнаа со брод се задржани во контроверзен процесен камп во Јужниот Пацифик. Објектот, спонзориран од Австралија, во Папуа Нова Гвинеја е затворен минатата година, но барателите на азил и бегалците се уште се наоѓаат на малиот остров Науру. Нема изгледи дека ќе бидат преместени во Австралија со оглед на мерките со кои Владата во Канбера инсистира да ги заштити националните поморски граници. Критиката, сепак посочува дека неограниченото задржување на островот е сурово и нехумано.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG