Линкови за пристапност

Опасност од проширување на пожарите во Австралија


Властите во Австралија денеска издадоа итнo предупредувањe, алармирајќи ги луѓето за опасностите од новo проширување на пожарите.

Најголема загриженост властите изразија за областа покрај југоисточниот брег на државата, за каде се стравува дека топлите и ветровити услови можат да влијаат за спојување на неколку пожари во масовен пожар како голема закана за населението и домовите во оваа област.

Во предградијата на Мелбурн, вториот по големина град во Австралија, исто така има нови пожари, при што официјалните лица ги предупредуваат луѓето да се засолнат во своите домови.

Во Нов Јужен Велс, регионот најтешко погоден од пожари за време на летната сезона во Австралија, пожарникарите соопштија дека 100 пожари се активни.

Пожарите ги принудија градовите да се откажат од плановите за новогодишни прослави со огномет поради стравување дека тоа може да предизвика нови пожари. Главниот град Канбера е меѓу оние што го откажаа новогодишното шоу. Но, во Сиднеј сепак ќе има огномет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG