Линкови за пристапност

Австралија им ги откажува визите на кинески студенти поради корона вирусот


За да се спречи ширењето на корона вирусот, околу 70 кинески студенти беа задржани на австралиските аеродроми

Повеќе од 100.000 кинески студенти не можат да го продолжат своето образование на универзитетите и колеџите во Австралија поради забраната за патување со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Тие ќе го пропуштат почетокот на семестарот и ќе мораат да ги продолжат студиите преку интернет од дома.

Десетици Австралијци беа пренесени со авиони од епицентарот на вирусот, градот Вухан во Кина, останувајќи во карантин на територија на Индискиот океан на Божиќниот остров.


Поради новите ограничувања, околу 70 кинески студенти беа задржани на австралиските аеродроми за време на викендот и нивните визи беа откажани.

Кинеските дипломати реагираа дека патниците не биле предупредени за забраната и многу од нив биле затекнати на своите летови кога забраната стапи на сила на први февруари.

„Не сме среќни поради ваквата ситуација бидејќи тие не беа предупредени. Немаше доволно време за да бидат известени за ограничувањата“, вели Ванг Џиниг, заменик раководител на мисијата на кинеската амбасада во Канбера.

Десетици Австралијци беа пренесени со авиони од епицентарот на вирусот, градот Вухан во Кина, останувајќи во карантин на територија на Индискиот океан на Божиќниот остров.

Група лица од Нов Зеланд, Велика Британија, Австралија, Папуа Нова Гвинеја и Самоа, исто така беа пренесени од Вухан со авионски летови долги 12 часа до Оукленд, каде што две седмици ќе останат во карантин.

Светската здравствена организација, ширењето на корона вирусот го прогласи за глобална вонредна состојба.

Полесните случаи на заболени со корона вирус можат да предизвикаат симптоми на настинка, но тешките инфекции можат да предизвикаат пневмонија, откажување на бубрезите и смрт.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG