Во последниот квартал од 2018 година, емисиите на стакленички гасови во Австралија се зголемија за 0,8 проценти. Тоа е нагорен тренд кој започна во 2013 година. Зголемување е регистрирано во транспортниот сектор и рударството, иако со долгата суша имаше пад на емисиите во земјоделството.
Обединетите нации проценуваат дека нето-емисиите на Австралија минатата година изнесувале 537 милиони тони јаглероден диоксид, што претставува зголемување од претходната година.
Во 2017 година, Париската спогодба наложи справување со климатските промени.
Но, експертите сметаат дека последните статистички податоци покажуваат дека Австралија нема да ги исполни своите обврски според договорот за животна средина.
„Не се спроведуваат практични политики и сите предвидувања покажуваат дека Австралија нема да може да ги исполни своите обврски од Париската спогодба. Владата, во основа, не планира никакви активности. Без значителна промена во правецот, се чини дека, најверојатно, нашите емисии ќе продолжат да се зголемуваат и ние ќе ги пропуштиме целите на Парискиот договор“, вели Бил Харе, климатски научник и директор на независен истражувачки институт.
Сепак, владата верува дека најновите податоци ветуваат. Официјалните претставници велат дека најголем дел од зголемувањата се поврзани со трговијата со природен гас, кој е течен во Австралија. Иако ова ја зголемува емисијата на јаглерод, властите истакнуваат дека поради тоа што гасот потоа се користи во други земји како замена за јаглен, тоа има ефект на намалување на глобалните емисии.
Австралија е меѓу земјите со најголеми светски емисии на стакленички гасови.
Facebook Forum