Линкови за пристапност

Виш католички кардинал осуден за педофилија


Австралискиот кардинал Џорџ Пел е највисок официјален претставник на Католичката црква осуден за сексуална злоупотреба на деца.

Порота од Мелбурн објави дека 77-годишниот кардинал е виновен по пет точки од обвинението за сексуално малтретирање на двајца тинејџери кои биле членови на црковниот хор во катедралата Свети Патрик во Мелбурн во 1996-та година.

Поротата одлуката ја донела во декември, но судија наредил одлуката да не биде објавена јавно. Пел се соочи со судење за одделни наводи за сексуална злоупотреба на деца кои датираат од времето кога тој бил млад свештеник во неговиот роден град Баларат. Обвинителството ги отфрли овие обвиненија.

Пел, кој останува на слобода со кауција, утре ќе се појави на повторно сослушување. Тој се соочува со 50 години затвор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG