Австралиската влада соопшти дека е во контакт со австралиска телевизиска новинарка, која е притворена во Кина од средината на август.
Министерството за надворешни работи соопшти во понеделникот дека било известено од кинеските власти на 14 август дека Ченг Леи е приведена. Министерството соопшти дека минатиот четврток изврши виртуелна конзуларна посета на Ченг, која се наоѓа во притвор.
Министерството соопшти дека не знае зошто Ченг е притворена. Австралиските медиуми велат дека таа е задржана под форма на притвор наречена „станбен надзор на одредена локација“, што значи дека може да биде во притвор неколку месеци.
Ченг води деловна емисија на CGTN, каналот на англиски јазик на државната кинеска телевизија, но видеата за нејзината работа се отстранети од веб-страницата на каналот и од социјалните медиуми.
Facebook Forum