Австралискиот кардинал Џорџ Пел, кој е највисоко рангиран претставник на Ватикан кој е обвинет за сексуална злоупотреба, е осуден на шест години затвор.
Поранешниот главен финансиски службеник во Ватикан и советник на папата Францис е осуден за злоупотреба на двајца тинејџери во катедралата Свети Патрик во Мелбурн во 1996 година, додека служеше како архиепископ на Мелбурнската епархија.
Жирито го осуди 77-годишниот Пел во декември, но одлуката била запечатена под строга наредба издадена од судијата. Правниот тим на кардиналот планира да поднесе жалба на пресудата.
Facebook Forum