Линкови за пристапност

Ако бидам потврден, ќе ја надгледувам истрагата за нападот на Конгресот, рече номинацијата за главен правобранител на САД Мерик Гарленд


Денес, во Сенатот, има сослушување за негова потврда

Номинацијата за главен правобранител на САД Мерик Гарленд, на денешното сослушување во Сенатот, планира да ја истакне неговата заложба за борба против дискриминација и екстремистички владини напади.

Гарленд, кој во моментов е судија во федералниот апелационен суд во Вашингтон, а во 2016 беше номинација за Врховниот суд, кој републиканците во Сенатот одбија да го земат предвид поради изборите таа година, е еден од најважните избори на претседателот Џо Бајден за неговиот кабинет.

Ако биде потврден од Сенатот, Гарленд ќе биде на чело на Одделот за правда, каде се води истрага за стотици поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, од кои повеќето со антивладини погледи, кои го нападнаа Конгресот минатиот месец, во обид да ги спречат законодавците да ги потврдат изборните резултати.

Тој, исто така, ќе има надзор врз расните спорови, кои вклучуваат злоупотреба на малцинства во криминални случаи, што доведоа до масовни улични демонстрации изминативе месеци.

Во пишаните забелешки до Сенатската комисија за првосудство, Гарленд вели дека САД „се` уште немаат правда за сите“.

„Обоените заедници и други малцинства се` уште се соочуваат со дискриминација во домувањето, образованието, вработувањето и во кривичниот судски систем“, рече Гарленд, додавајќи дека ако тој стане главен правобранител „ќе биде врв на кариерата на која се посветив за да осигурам законите во нашата држава да бидат применувани фер и праведно, и да бидат заштитени правата на сите Американци“.

Тој, исто така, рече дека ако биде потврден ќе го надгледува прогонот на белите националисти и другите кои го нападнаа Конгресот на 6 јануари, со цел да спречат „мирен трансфер на новоизбрана влада“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG