Линкови за пристапност

Во бомбашки напад во Авганистан убиени шест американски војници


Најсмртоносен напад врз странски сили годинава во оваа земја

Американски официјални лица за одбрана за западните новински агенции објавија дека шест американски војници загинаа во самоубиствен бомбашки напад, чија цел биле припадници на НАТО. Нападот се случил во близина на воздухопловната база Баграм во Авганистан, најголемата американска воена база во оваа земја.

Официјалните лица кои сакаа да останат анонимни, велат дека ова е еден од најсмртоносните напади врз странски војници оваа година во Авганистан.

Претходно, портпаролот на Мисијата за решителна поддршка предводена од НАТО, полковникот Мајкл Лавхорн, Гласот на Америка го потврди инцидентот.

„Можам да потврдам дека шест членови на Мисијата за решителна поддршка загинаа од нападот врз возило со импровизирана експлозивна направа во Баграм. Тројца други членови на повредени за време на нападот“ изјави Лавхорн.

Тој додаде дека истрагата за нападот е во тек.

Талебан ја презеде одговорноста за нападот и соопшти дека најмалку 19 лица се убиени, повеќето од нив, американски војници, иако бунтовничката група е позната по преувеличување на бројката на жртви и повредени.

XS
SM
MD
LG