Линкови за пристапност

ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Британија


Досега се уапсени осум лица

Организацијата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во близина Британскиот парламент, во кој загинаа пет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, а повредени се 40-тина други.

Во соопштение на новинска агенција на ИД, се вели дека напаѓачот бил „војник на Исламската држава“. Терористичката организација не индицираше дека помогнале во планирање или извршување на нападот, велејќи дека напаѓачот одговорил на нејзиниот повик за напад на цивили и армиски припадници во земјите поврзани со коалицијата под водство на САД којашто се бори против ИСИС.

Премиерката Тереза Меј пред Парламентот истакна дека сторителот бил роден во Британија и дека своевремено бил под истрага на британската разузнавачка служба, „заради загриженост во врска со насилниот екстремизам“. Таа додаде дека напаѓачот не бил дел, како што кажа, од „актуелната разузнавачка слика“ и дека немало претходни разузнавачки информации за овој заговор или кој бил мотивот.

Меј кажа и дека се верува оти напаѓачот бил „инспириран од исламистичката идеологија“.

Британската полиција уапси осум лица во врска со инцидентот.

XS
SM
MD
LG