Линкови за пристапност

AT&T го купува Time Warner за 85.4 милијарди долари


Американскиот Сенат планира следниот месец да одржи сослушување заради можното создавање монопол во телекомуникациската индустрија

Републиканскиот сенатор Мајк Ли и демократот Еми Клубчар од Анти-монополскиот поткомитет велат дека спојувањето на двата комуникациски гиганти ќе предизвика сериозни монополски прашања.

И двајцата сенатори велат дека „внимателно ја иследиле консолидацијата на кабелската и видео индустријата за да осигурат дека нема да им наштети на потрошувачите.“

AT&T е една од првите светски телекомуникациски компании, чии почетоци одат назад во времето на изумувањето на телефонот во 1879 година.

Time Warner е друг комуникациски и гигант од индустријата за забава, а под него спаѓаат HBO, CNN и филмското студио Warner Brothers. Овие корпорации постоеја поединечно пред спојувањето во 1990-та година.

Најавеното спојување постана и кампањско прашање.

Портпаролот на демократската партија на Хилари Клинтон вели дека постојат голем број прашања кои треба да бидат одговорени пред да се случи спојувањето, додека републиканецот Доналд Трамп кажа дека ќе го блокира договорот ако тој биде избран за претседател.

Но останува Одделот за правда на САД да определи дали договорот ги го нарушува анти-монополските закони.

XS
SM
MD
LG