Линкови за пристапност

Атлантис полета на последна мисија во вселената


Американскиот спејс-шатл Атлантис беше лансиран според планираното од вселенскиот центар Кенеди во Флорида како една од последните мисии од оваа флота

Американскиот спејс-шатл Атлантис беше лансиран според планираното од вселенскиот центар Кенеди во Флорида како една од последните мисии од оваа флота.

Небото беше чосто над Флорида во петокот кога шатлот ја почна 12-дневната мисија што вклучува доставување на мала руска истражувачка модула на Меѓународната вселенска станица.

Во шатлот има шест астронаути и е последна мисија на Атлантис по 25 години на служба. Само уште два мисии со спејс-шатл ќе останаат да се реализираат по петочното лансирање.

НАСА ја пензионира шатл-флотата подоцна годинава и ќе се фокусира на нова стратегија за вселенско истражување. Кога ќе запре програмата на шатлот, партнерите од вселенската станица ќе се потпрат на руски и приватни ракети кои ќе доставуваат намирници и ќе превезуваат астронаути до Меѓународната вселенска станица.

XS
SM
MD
LG