Линкови за пристапност

Џулијан Асанж можеби ќе ја напушти Амбасадата на Еквадор


Во дипломатското претставништво во Лондон е веќе две години откако побара политички азил

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж можеби ќе ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон каде е веќе две години откако побара политички азилни.

За време на прес-конференцијата со еквадорскиот министер за надворешни работи Рикардо Патино, Асанж ја потврди изјавата на портпаролот на Викиликс дека наскоро би можел да замине од амабасадата, но не даде детали.

Асанж побара прибежиште во амбасадата во 2012-та, кога британските судови најавија дека би можело да биде испорачан во Шведска врз основа на наводите дека таму извршил сексуален претстап.

Поранешниот австралиски новинар стравува дека Шведска би го испорачала во САД, каде најверојатно би му било судено за едно од најголемите протекувања на доверливи информации во американската историја.

Асанж и неговиот тим соработници во Викиликс објавија стотици илјади доверливи документи на американската влада, а меѓу нив и документи за ирачката војна и телеграми од американските амбасади што нудат детали за нивната работа во земјите ширум светот.

Портпаролот на Викиликс се надева дека Асанж ќе ја напушти амбасадата наскоро, но додаде дека би се решил на таков чекор само доколку британските власти ја отфрлат одлуката за испорачување во Шведска.

Британската влада наведува дека потрошила 10 милиони долари внимавајќи Асанж да не ја напушти амбасадата и да замине од земјата.

Министерот Патино се надева дека ќе се сретне со британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд за да разговара за ситуацијата.

XS
SM
MD
LG