Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, изјави дека ќе прифати да биде уапсен утре, доколку комисијата на ОН пресуди дека тој во 2010-та година бил уапсен праведно.
Австралиецот во моментов живее во амбасадата на Еквадор од 2012 година, за да избегне екстрадиција во Шведска, каде треба да се соочи со судење по обвинение за силување.
Комисијата на ОН го истражува тврдењето на Асанж дека случајот за силување е само увертира што би и` дозволила на Шведска да го екстрадира во САД.
Асанж на Викиликс објави бројни чувствителни документи, коишто САД ги смета за доверливи информации. Ова беше едно од најголемите протекувања на информации во американската историја.