Линкови за пристапност

Асанџ од Викиликс ослободен со кауција во Британија


Асанџ од Викиликс ослободен со кауција во Британија
Асанџ од Викиликс ослободен со кауција во Британија

Британскиот судија го ослободи Асанџ со кауција, откако ја отфрли жалбата од обвинителите во Шведска, каде е баран заради наводи за силување.

Џулијан Асанџ излезе од судница во Лондон на слобода и вети дека ќе продолжи со објавување класифицирани документи.

Британскиот судија го ослободи Асанџ со кауција, откако ја отфрли жалбата од обвинителите во Шведска, каде е баран заради наводи за силување.

Во куса изјава на излегувањето Асанџ кажа дека ќе ја продолжи својата работа и ќе ја докаже својата невиност во случајот.

Судијата Данкан Осли се согласи да го ослободи Асанџ под услови што вклучуваат кауција од 315.000. Тој мора да носи електронска направа за следење, да се пријавува во полицијата секој ден и да остане во домот на поранешен британски армиски офицер и поддржувач на Викиликс, Воган Смит.

Раководителот на шведската канцеларија на обвинителството, Нилс Реке за БиБиСи кажа дека нема реакција на одлуката на британскиот суд и дека Шведска не се меша во постапката.

Асанџ беше држен во Вандсворт затворот во Лондон од 7 декември, кога се предаде на властите.

XS
SM
MD
LG