Линкови за пристапност

Десет години од цунамито во Азија


Џиновскиот бран во 2004-та однесе над 220.000 животи

Ширум Азија се одржаа комеморации по плажите, едноминутно молчење и верски служби, во рамки на одбележувањето на 10-та годишнина од цунамито на Индискиот Океан во 2004-та што однесе најмалку 220.000 човечки животи.

Џиновскиот бран погоди десетина земји кои излегуваат на океанот, збриша семејства и покри плажи полни со туристи, во тоа утро по Божиќ.

Цунамито беше последица на земјотресот со јачина од 9,1 степен, најсилен во регионот за последините 40 години, испраќајќи бранови по океанот со авионска брзина дури до Источна Африка.

Една од најсилно погодениете области беше индонезиската провинција Ачех. Многу од регионите на удар на цунамито беа недоволно развиени и пред тоа, а несреќата го направи опоравувањето уште потешко. За таа намена беа собрани преку 13 милијарди долари помош.

Цунамито придонесе сепаратистичките бунтовници во Ачех да го положат оружјето за да се посветат на повторна изградба на нивните животи. Триесетгодишниот бунт против Индонезија заврши во 2005-та.

Најсилно погодена од цунамито беше Индонезија, со преку 160.000 жртви. Илјадници други загинаа во Тајланд и Шри Ланка.

XS
SM
MD
LG