Линкови за пристапност

Се разгледува можноста за воспоставување на безкарантински патувачки зони во Азија


Аналитичарите велат дека ваквите зони би можеле да започнат со авијацијата, туризмот и конференциите

Азископацифичките држави, со цел побрзо надминување на кризата предизвикана од коронавирусот, размислуваат за формирање „зони“ што ќе им овозможуваат на луѓето да патуваат од едно до друго место, но ќе го ограничуваат движењето на луѓето од потешко погодените места со заразата, предвидуваат некои аналитичари.

За да ја прекинат трансмисијата на болеста од странство, од март азиските влади забранија влез на странски државјани освен за носителите на долгорочни дозволи.


Случаите на често-смртоносна респираторна болест предизвикана од вирус Ковид-19 досега се ширеа во поголем дел од регионот. Австралија, Хонг Конг, Макао, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајван, Кина и Виетнам известија за некои од најниските бројки за новозаболени во светот во текот на изминатиот месец.

За да ја прекинат трансмисијата на болеста од странство, од март азиските влади забранија влез на странски државјани освен за носителите на долгорочни дозволи. Локалното население и носителите на дозволи мора да поминат 14 дена во карантин по секој влез.

Аналитичарите велат дека ваквите зони би можеле да започнат со авијацијата, туризмот и конференциите, сите погодени откако глобалната пандемија започна во Азија кон крајот на јануари. Во регионот се изложени на ризик дури 49 милиони работни места поврзани со туризмот, проценуваат групата „Word Travel“ и „Советот за туризам“.

„Многу важно прашање е како повторно да се отворат патувањата и тоа не само за туризмот, туку и за бизнисот, затоа што деловните патници исто така не можат да патуваат, а целиот регион се соочува со проблемот што никој не може да се движи од една во друга земја, така што дефинитивно тоа е клучна тема што ја разгледуваат државите“, рече Раџив Бисвас, главен економист на Азија и Пацификот во IHS Markit.

Премиерот на Австралија, Скот Морисон и неговата колешка од Нов Зеланд, Џacинда Ардерн, се состанаа да разговараат за воспоставување зона за патување без карантин за нивните две држави, според извештаите на австралиските медиуми овој месец. Резултатите би можеле да воспостават зона и за другите земји каде бројките на заболени од вирусот се ниски, рече Бисвас.

Никој друг не учестувал во официјалните разговори за ваквите патувачки зони, но Кина би можела да биде следната што ќе ја истражува идејата, рече Бисвас. Таа зона се однесува на Хонг Конг, Макао, копното на Кина и Тајван. Делови од копното со релативно малку случаи особено би се квалификувале да се приклучат на таа зона, додаде тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG