Заинтересираните луѓе од 12 провинции и три временски зони се собираа на стадиони, планетариуми и на ридови откако месечината почна да се движи помеѓу Земјата и Сонцето веднаш после зазорувањето. Во многу села по должината на затемнувањето, жителите се молеа и одржуваа религиозни ритуали за време на двеминутното затемнување.
Овој настан привлече илјадници луѓе од секаде низ светот, вклучувајќи и тим на научници од американската вселенската агениција НАСА, која го набљудуваше затемнувањето на Сонцето од островите Малуку. За жал, облачното време не дозволи затемнувањето на Сонцето да се види во некои делови на Индонезија.
Делумно затемнувањето на Сонцето беше видливо од други делови на Азија, Африка и Тихиот океан.
Последното тотално затемнување на Сонцето се случи пред една година, во март, над артичките острови Свалбан во Норвешка. Следното тотално затемнување ќе се случи во август, 2017 година и ќе биде видливо и во САД.