Линкови за пристапност

Потрагата по загинатите од авионот на Ер Азија условена од временските услови


Досега пронајдени 30 тела; метеоролозите прогнозираат поројни дождови и ветришта се` до недела

Екипите коишто трагаат по телата на патниците и остатоците од урнатиот авион на Ер Азија денес најавија дека ќе употребат опрема за подводно лоцирање откако, барем накусо, се подобрија временските услови.

Индонезиските власти соопштија дека досега пронашле 30 тела. Во авионот од типот Ербас А320 имало 162 лица. Тој полета неделата од индонозискиот град Сурабаја, на пат за Сингапур, но исчезна од радарот.

Лошото време задава проблеми во потрагата во водите на Јаванското Море, спречувајќи ги нуркачите да стасаат на длабочина од 30 до 50 метри до темниот предмет лоциран со помош на сонар, а за којшто се претпоставува дека е главниот остаток од телото на авионот.

Метеоролозите предвидуваат поројни дождови и ветришта се` до недела.

Еден индонезиски претставник соопшти дека ќе биде потребна најмалку една недела за да се пронајде црната кутија.

Седмата флота на американската морнарица потврди дека испратила втор брод, Форт Ворт, што покрај разурнувачот Сампсон ќе учествува во потрагата.

XS
SM
MD
LG