Американскиот секретар за одбрана Аш Картер вели дека кампањата за преземање на ирачкиот град Мосул и Рака во Сирија после нападите во Париз и Сан Бернардино во Калифорнија имаат влијание врз упориштата на Исламската држава.
Картер зборуваше им се обрати на војниците од 101-вата воздушно-десантна дивизија од Форд Кампбел, Кентаки. Војниците наскоро ќе бидат распоредени во Ирак да помогнат во обуката на ирачките и курдските сили во борбата со милитантите.
Картер следната недела заминува за Париз, на средба со министрите за одбрана на Франција, Австралија, Англија, Холандија, Германија и Италија.
Тој вели дека секој од овие земји имаат „значителна улога“ во уништување на ИД и рече дека тие мора да ги вклучат сите расположливи средства во борбата со екстремистите.