Линкови за пристапност

САД, Јапонија и Австралија се за обврзувачка политика кон Јужното Кинеско Море


Овие земји изразија „сериозна загриженост“ за споровите околу Јужното Кинеско Море, и се за ставање крај на рекламацијата и воените дејства во областа, што можат да ги зголемат тензиите или да предизвикаат трајна еколошка штета

САД, Јапонија и Австралија денеска издадоа заедничко соопштение, веднаш по разговорите на министрите за надворешни работи на трите земји, Рекс Тилерсон, Џули Бишоп и Таро Коно, на маргините на средбите на Асоцијацијата на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН), што се одржуваат во Манила.

Тие ги повикаа Кина и Филипините да се придржуваат до минатогодишната одлука за арбитража, со која беше поништен голем дел од територијалното побарување на Кина кон Јужното Кинеско Море. Делумно тврдење за областа доаѓа и од Тајван и Брунеите, Малезија, Филипините и Виетнам.

Во соопштението, членките на АСЕАН и Кина се повикуваат, ветениот кодекс на однесување за Јужното Кинеско Море да биде „правно обврзувачки, да има значење, да биде ефикасен и во согласност со меѓународното право“.

Кодексот на однесување е насочен кон избегнување незгоди, бидејќи земјите-апликанти се занимаваат со риболов, истражуваат нафта и гас или градат, според проценките, 500 мали островчиња.

Кина е против предлогот за обврзувачки договор, засилувајќи ги своите територијални барања, градејќи вештачки острови што САД и другите ги критикуваат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG