Судот во Шведска пресуди дека американскиот рапер ЕЈСАП Роки е виновен. Сепак, тој повеќе нема да служи затворска казна, бидејќи судот одлучи да му даде условна казна.
ЕЈСАП Роки беше уапсен со три членови на неговиот тим, по тепачка во Стокхолм на 30. јуни.
Според обвинението, раперот и двајца членови од неговиот тим претепале лице, додека ЕЈСАП Роки ја удирал жртвата и со шише од стакло.
Раперот, кој тврдеше дека реагиал во самоодбрана, беше притворен речиси пет недели, пред да биде ослободен на почеток на овој месец, во исчекување на судењето.
Претседателот на САД Доналд Трамп се обиде да интервенира во случајот, повикувајќи на ослободување на раперот.
„Правиме толку многу за Шведска, но, не изгледа дека тоа е обострано. Шведска треба да се фокусира на нејзиниот проблем со вистинскиот криминал“, напиша тогаш Трамп во серија објави на Твитер.
Facebook Forum