Линкови за пристапност

Основачот на Викиликс се појави пред британски суд


Основачот на Викиликс се појави пред британски суд
Основачот на Викиликс се појави пред британски суд

Адвокатите на Асанџ велат дека екстрадиција во Шведска може да значи соочување со затвор или смртна казна

Основачот на Викиликс Џулијан Асанџ во понеделник се појави во лондонски суд да се бори против обидите за негова екстрадиција во Шведска заради наводи за сексуални кривични дела.

Шведските обвинители сакаат да го испрашуваат Асанџ по наводите на две жени за сексуално напаствување и силување.

Адвокатите на 39-годишниот Австралијанец се очекува да тврдат дека барањето за екстрадиција не е прифатливо зашто тој не е осуден за извршено кривично дело.

Одбраната исто така вели дека доколку Асанџ биде екстрадиран во Шведска, тој може да биде предаден на САД каде тие тврдат дека е соочен со затвор во Гвантанамо или смртна казна.

XS
SM
MD
LG