Линкови за пристапност

Забрана за македонското јаболко во Русија, причина биле т.н. кафеави бубачки


Не само Преспа како општина што ќе има сериозни губитоци, губитоците ќе бидат преголеми и за државата, вели Љубе Пампулески од преспанското здружение на овоштарите
Не само Преспа како општина што ќе има сериозни губитоци, губитоците ќе бидат преголеми и за државата, вели Љубе Пампулески од преспанското здружение на овоштарите

Преспанските овоштари велат дека бубачката ја имало и порано, но никогаш не била причина за забрана за увоз на јаболка во Русија. Евроамбасадорот, Дејвид Гир, пак, смета дека Русија на овој начин сака да покаже влијание

Илјадници тони преспанско јаболко, останаа заробени во магацините и ладилниците, откако Русија, од први декември, воведе ембарго за увоз на јаболко од Северна Македонија на тамошниот пазар, поради наводно присуство на кафеави бубачки во нив.

Забрана за преспанските јаболка во Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:06 0:00

Но претседателот на здружението на овоштари од Ресен, Љубе Пампулески за Глас на Америка вели дека оваа бубачка ја имало и претходните години, но оти никогаш тоа не било причина, за Русија да го прекине откупот.

„Да бидеме искрени и ние сме изненадени од присуството, бидејќи пакувањето оди едно по едно, се внимава при селекцијата, особено за рускиот пазар, кој е прилично пребирлив. Присутна е таа бубачка на цел Балкан. Се сомневаме дека таа бубачка е токму од кај нас. На нива на поле таа бубачка е забележана, но бројноста не била во тој домен толку голема за да е присутна на плодовите“, вели Пампулески.

Евроамбасадорот, Дејвид Гир, смета дека Русија на овој начин сака да покаже влијание.

„Гледаме различни влијанија кои што се случуваат како резултат на руската непровоцирана војна и агресивна војна врз Украина. Ова влијание не се случува само врз вашата земја, туку има удел и во различни земји во Европа и во светот. Јас разбирам дека за самите луѓе во оваа земја многу е тешка самата одлука за затворање на пазарот за извоз на ресенското јаболко на рускиот пазар и последователно и на украинскиот пазар, затоа што во Украина неможе да се направи извоз, токму поради воените дејствија преземени од Русија“, смета Гир.

Градоначалникот на Ресен вели дека сега на Преспанските фармери им остануваат многу мали пазари на Балканот.

„Во таква ситуација не само Преспа како општина што ќе има сериозни губитоци, губитоците ќе бидат преголеми и за државата. Мора да најдеме солуции“, вели Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен.

Само во 2020 година, извозот на јаболка од Северна Македонија се проценува на 29 милиони долари, од кои 20 милиони отпаѓале на рускиот пазар

Пампулески вели дека на терен веќе се чуствуваат последиците од забраната

„Уште од минатата година имавме отежнат пласман на јаболката, но ова сега е сосема нова ситуација, Има огромна загриженост кај овоштарите. Целото јаболко или дел од тоа ќе остане непродадено или ќе заврши за преработка и индустрија во фабриките во опкружувањето. Последиците допрва ќе бидат почуствувани, но се надеваме и очекуваме оваа забрана сепак да биде спуштена“, истакнува преспанското здружение на овоштарите.

Пампулески не сака да прејудицира дали ваквата одлука на руските власти има политичка позадина.

„Ние неможеме да кажеме дали е така. Може и да, а може и не“.

Ако ваквата мерка остане на сила, тогаш околу 50% од целиот род би можел да остане неоткупен, предупредува тој. Инаку само во 2020 година, извозот на јаболка од Северна Македонија се проценува на 29 милиони долари, од кои 20 милиони отпаѓале на рускиот пазар“, укажува Пампулески.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG