Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев во интервју за Глас на Америка рече дека секој авио превозник кој сака да оперира од и до Северна Македонија, мора да помине низ строги безбедносни проверки, кои важат насекаде во Европа.
Глас на Америка: Потребен ли и е на Македонија во овој момент национален авио превозник и што се прави во таа насока?
Концептот со национален превозник во овој момент е застарен концепт и тоа се докажа во многу држави веќе извесно време, посебно од моментот кога настана целосна либерализација над небото над европскиот континент и посебно за државите кои се мали и кои немаат високо развиена авио индустрија.
Во овој момент мислам дека е добро што Македонија нема национален авио превозник или т.н носител на знаме, затоа што сите држави во регионот мака мачат како да ги покријат големите загуби
Во овој момент мислам дека е добро што Македонија нема национален авио превозник или т.н носител на знаме, затоа што сите држави во регионот мака мачат како да ги покријат големите загуби на крајот од секоја фискална година, што ги генерираат овие национални авио превозници.
Ако земете да ги разгледувате податоците во изминатите десеттина години, Србија има платено над 200 милиони евра да ги покрива загубите на Ер Србија. Секоја година на Монтенегро ерлајнс, Црна Гора ги покрива загубите од 10,15, 20 милиони евра, Кроација ерлајнс 30-40 милиони евра. Словенија прекина да ги покрива загубите на Адрија ервејс и Адрија банкротира.
Значи концептот на национален авио превозник, важеше до пред 20-25 години, кога важеше реципроцитетот и се штитеа интересите на превозникот на одредена држава, како носител на знаме, но тоа сега е минато и јас сум повеќе за инвестирање, односно за субвенционирање на веќе етаблирани превозници, кои ги задоволуваат сите безбедосно- оперативни критериуми. За една споредба, Македонија наместо да плаќа десетици и десетици милиони евра загуби на некој државен или национален авио превозник, со пет милиони евра за три години, добива голем број на дестинации, субвенционирајќи превозници, кои сакаат да ги оперираат тие дестинации.
Глас на Америка: Потребно ли е на земјава повеќе авио линии кон подалечните дестинации?
Потребите ги дефинира бизнисот. Неможете вие со декрет да воведете линија Скопје-Њујорк или Скопје-Мелбурн. Тоа ќе го оцени превозникот, дали има пазар за тоа. Сите држави во регионот, Западен Балкан и Југоисточна Европа, се многу мали, за да имаат директни линии до големите европски и светските дестинации.
Многу е по логично да има мали превозници, со помали превозни капацитети, кои за помала вредност, ќе ги носат патниците, до поголемите хабови, односно аеродроми во Европа
Многу е по логично да има мали превозници, со помали превозни капацитети, кои за помала вредност, ќе ги носат патниците, до поголемите хабови, односно аеродроми во Европа и од тука ќе продолжат со своите патуања до светските дестинации.
Глас на Америка: Како прв човек на Агенцијата за цивилно воздухопловство, колку македонското небо во овој момент е безбедно, односно колку е безбедно да се лета од и до Македонија?
Во воздушниот сообраќај нема граници. Воздушниот сообраќај не познава различни критериуми или услови и фактички областа на воздушниот сообраќај е најрегулираната област во сите држави па и во нашата држава.
Тоа што важи во Германија, Франција, Велика Британија, истото важи и во Македонија. Така сите критеиуми од безбедносен аспект, мислам и на секјурити и на сејфти, и од опертивно-технички аспект, што важат во развиените држави важат и во Македонија.
Глас на Америка: Дали секој авио превозник кој оперира од и до Северна Македонија, подлежи на соодветни безбедносни контроли?
За да оперира еден превозник прво треба да ја достави до Агенцијата за цивилно воздухопловство, потребната документација. Таа документација е дефинирана со меѓународната воздухопловна регулатива и тука правилата се строги и прецизни
За да оперира еден превозник прво треба да ја достави до Агенцијата за цивилно воздухопловство, потребната документација. Таа документација е дефинирана со меѓународната воздухопловна регулатива и тука правилата се строги и прецизни и доколку ги исполни условите и од безбедносен и од опертивно-технички карактер, тогаш се дава одобрение за користење на нашето небо, односно за полетување и слетување на нашите аеродроми.
Од тој аспект, секоја авио компанија мора да ги задоволи тие услови, а подоцна постои еден систем на инспекција, т.н САФА. Тоа значи инспекција на странски превозници на територијата на одредена држава. Низ тој систем, државите се договориле дека ќе ги проверуваат точно тие критериуми, кои важат насекаде.
И затоа велам задоволувањето на тие стандарди и услови, на меѓународната регулатива е ултимативно барање кое Агенцијата за цивилно воздухопловство континуирано го применува врз сите авио превозници, кои оперираат во Македонија.
Глас на Америка: Пред неколку дена во Охрид со вашите колеги од Србија, Црна Гора и Словенија, потпишавте спогодба за потрага и спасување. Што ќе значи тоа?
Во 2016-та година се разви една автохтона балканска иницијатива, за постоење на регионален советодавен комитет за потрага и спасување во цивилниот воздушен сообраќај. Идејата е да се хармонизираат сите активности околу потрага и спасување во несакани ситуации, и да се продлабочи прекуграничната соработка, помеѓу државите членки.
Тоа значи дека во било каков случај на непријатна ситуација, несреќа, незгода, инцидент, капацитетите на сите држави, кои се дел од овој комитет ќе бидат употребени за давање на соодветна услуга, за трагање и спасување, односно за спасување на унесреќени лица и спасување на материјални добра.
Facebook Forum