Линкови за пристапност

Аналитичари: Комбинаториките во владејачкото мнозинство се за зачувување на власта


Оваа рекомбинација, прекомбинација на владејачкото мнозинство беше само со цел да се сочува власта, смета аналитичарот Божиновски
Оваа рекомбинација, прекомбинација на владејачкото мнозинство беше само со цел да се сочува власта, смета аналитичарот Божиновски

Најголем губитник е Алтернатива, која пред само една година ја спаси власта, а најмногу ќе добие БЕСА, која сега ќе се промовира како главна опозициска сила во албанскиот блок, смета аналитичарот Владимир Божиновски.

Новата влада на Димитар Ковачевски, нема да донесе ништо ново. Преструктуирањата се да се зачува мнозинството, до следните парламентарни избори наредната година, велат аналитичарите.

Сефер Селими вели дека главна цел е обезбедат стабилност и функционалност на парламентот.

„Но и стабилно мнозинство со кое ќе успеат некако да ги надминуваат тие пречки, и внатре партиски но и коалициски кои ги имаат и со тоа да го довршат својот мандат до 2024-та година. Не очекувам дека ќе има некој голем пресврт, што се однесува до доброто владеење, борбата против корупцијата или некое друго поголемо изненадување од тоа како функционираа досега“, смета Сефер Селими, извршен директор на Демократска лабораторија.

„Оваа рекомбинација, прекомбинација на владејачкото мнозинство беше само со цел да се сочува власта. Немаше никакво влијание во однос на обезбедување или необезбедување на двотретинско мнозинство, за промена на Уставот, бидејќи Алијанса и без да влезе во власта, рекоа дека ќе го подржат“, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.

Аналитичари за комбинаториките во владејачкото мнозинство
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:24 0:00

Селими вели дека сите добиваат по нешто и сите во исто време губат од оваа ситуација. Новото владино мнозинство ќе има уште една година да ги надминe внатрешните поделби во партиите.

„И да го добива кредибилитетот и тоа што на некој начин им недостасува на новите раководства посебно на Алијанса за Албанците и СДСМ. Од друга страна ВМРО ДПМНЕ, добива можност за нови критики кон владејачките партии, но од друга страна постои ризик, освен тенденцијата од страна на опонентите да ја изолираат, она и сама да се само изолира со радикализирање на наративот посебно кон Албанците“, вели Селими.

Божиновски пак смета дека најголеми губитник е Алтернатива, која пред само една година, ја спаси власта.

„Основната цел зошто се зема Алијанса во власта е да се надополни онаа разлика од тројца-четворица пратеници од т.н огнена група на ДУИ, кои не беа задоволни од политиките на партијата и владата и со тоа се доведе постоењето на тоа парламентарно мнозинство. Со влезот на Алијанса во владата, СДСМ и ДУИ си купија уште неколку месеци владеење, иако политичката сцена која ќе ја плати СДСМ е уште поголема“, вели Божиновски.

Но, добитник ќе биде Беса смета Божиновски, која сега ќе се промовира како главна опозициска сила во албанскиот блок, но и ДУИ. Какви ќе бидат последиците по Алијанса, позитивни или негативни ќе се видат наскоро додава тој.

„И тогаш ќе видиме дали гласачите на Алијанса, се клиентелистички расположени и они можат да ги сочуваат без разлика со кого тие прават коалиција, во случајот со ДУИ, или пак основната сила на гласачкото тело на Алијанса, беше токму онаа опозиција кон долгогодишното владеење на ДУИ, што ќе предизвика намалување на нивната поддршка, односно прелевање на гласовите кај БЕСА“, додава Божиновски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG