Линкови за пристапност

40.000 полицајци ќе се грижат за безбедноста на Светското првенство


Фудбалските обожаватели ги бројат деновите до Светското првенство во Јужна Африка, а домаќините ја зајакнуваат безбедноста во земјата која во минатато ја потресуваше насилство.

Јужноафриканската полиција се справува со насилни демонстранти пред стадионот Елис Парк во Јоханесбург. Полицијците се обучуваат за разноразни закани – од политички демонстрации и толпи хулигани, до терористички напади. Владата потроши речиси две милијарди долари за обука и нова опрема. Околу 40.000 полицајци, или една четвртина од силите за безбедност во земјата ќе внимаваат на Светското првенство.

Првиот човек на полицијата Беки Селе вели дека со колегите од други земји разменува информации за евентуалните закани:

„Секоја сериозна полициска агенција ќе ги земе предвид сите информации, не само оние за терористички закани“.

На друга вежба, полицијата отстранува демонстранти кои го блокирале патот до стадионот. Новинарите се интересираат - дали силите на Селе се подготвени:

„Јас не се подготвувам денес. Јас нема да се подготвувам утре. Јас бев подготвен уште вчера“.

Без оглед на тоа, шефот на јужноафриканската полиција вели дека вежбите ќе продолжат се` до почетокот на Светкото првенство на 11-ти јуни.

XS
SM
MD
LG