Линкови за пристапност

Најмалку 19 загинати во напад во Пакистан


Меѓу загинатите се и деветмина полицајци.

Најмалку 19 лица загинале, од кои неколку деца, а над 40-тина се повредени во самоубиствен напад со автомобил-бомба врз полициска станица понеделникот во северозападен Пакистан, соопштија властите.

Меѓу загинатите се и деветмина полицајци.

Напаѓачот удрил во училишно комби пред да го насочи во полициската станица во градот Лаки Марват во покраината Кајбер Пактунква. Местото е во близина на племенската област Северен Вазиристан, што е засолниште на Ал-Каида и Талебан.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Полициската станица е целосно уништена во експлозијата, како и најмалку една од околните згради.

Спасувачите трагаат по преживеани во урнатините.

Минатата недела во напад на бомбаш-самоубиец загинаа најмалку 65 лица во југозападниот град Куета. Тој напад се случи само три дена откако тројца напаѓачи-самоубијци усмртија 31 лице и повредија стотици за време на погребна церемонија на муслимани-шиити во Лахоре. Пакистанскиот Талебан презеде одговорност за нападот.

XS
SM
MD
LG