Линкови за пристапност

Најмалку 18 загинати во експлозија во Кабул


Најмалку 18 загинати во експлозија во Кабул

Авганистанските власти велат загинале 12 цивили, а најмалку 47 други се повредени.

Во самоубиствен напад со автомобил-бомба вторникот во Кабул, а чија цел бил конвој на НАТО, загинале најмалку 18 војници, од кои петмина американски.

Напаѓачот-самоубиец го детонирал експлозивот на прометен пат во близина на неколку владини згради во авганистанскиот главен град. Талебан презеде одговорност за нападот.

НАТО соопшти дека загинале шест странски војници, припадници на мисијата ИСАФ. Властите подоцна потврдија дека петмина биле Американци. Авганистанските власти велат загинале 12 цивили, а најмалку 47 други се повредени.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен го осуди нападот и кажа дека Алијансата останува определена на мисијата за заштита на авганистанскиот народ и засилување на способноста на Авганистан да се спротистави на тероризмот. Нападот го осуди и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Од убиството на шест италијански војници минатиот септември, ова е најсмртоносен напад според бројот на жртви меѓу странските сили во Кабул.

Експлозијата уследи само еден ден откако главниот командант на НАТО за Европа, адмиралот Џејмс Ставридис, кажа дека на почетокот на наредната година можеби ќе бидат потребни дополнителни стотици странски војници за зајакнување на безбедноста во Авганистан.

XS
SM
MD
LG